Услови за користење на TopJob.mk


Ве молиме прочитајте ги Условите за користење на TopJob.mk. Со самиот пристап на овој веб сајт се согласувате со овие Услови за користење. TopJob.mk го зачувува правото да ги ажурира овие Услови за користење во секое време.

TopJob.mk е веб портал кој овозможува бесплатно објавување на огласи за вработување од страна на Работодавачи. TopJob.mk го зачувува правото да ги измени и/или надгради функционалностите на овој веб портал со цел да го подобрува и развива.

Основни правила и услови:

  • Овој веб портал или делови од него не смеат да бидат копирани, продавани или употребувани за било какви трговски цели без знаење и одобрување на TopJob.mk.
  • Објавените контакти на фирми и нивните претставници можат да се употребуваат само за објавената намена (објавување на огласи и аплицирање за одредена работна позиција). Се забранува користењето на овие податоци за маркетиншки и промотивни цели.
  • - TopJob.mk не ја носи одговорноста за контрола врз содржините на објавените огласи за вработување. Истите се креираат и објавуваат од Работодавачите. TopJob.mk не е посредник во односите помеѓу Работодавачи и Работобаратели.
  • TopJob.mk не ја гарантира вистинитоста на податоците на Работодавачите и Работобарателите. Сепак со цел да ја подобриме услугата која ја врши сајтот ги замолуваме корисниците да не известат доколку пронајдат невистинити или лажни податоци.
  • TopJob.mk е возможно времено, целосно или делови од него, да не бидат достапни поради технички причини или виша сила.

Регистрација на Работодавачи:

  • При регистрација во TopJob.mk е потребно да се внесат информации кои го идентификуваат Работодавачот (име на фирмата/компанијата/правното лице, адреса, ЕДБ, e-mail, телефон за контакт, веб сајт). Овие информации се употребуваат само и единствено за применувањена услугите кои ги врши TopJob.mk и истите не се споделуваат со трети страни. Со самото создавање на профил и внесувањето на овие податоци, секој работодавач се согласува со Условите за користење на TopJob.mk и декларира дека истите се веродостојни.

Објавување на огласи:

  • Сите регистрирани Работодавачи декларираат дека објавените огласи за вработување се однесуваат на реални, вистинити и актуелни работни позиции.
  • Со самото објавување на оглас, Работодавачот се согласува истиот да биде јавно прикажан со сите внесени детали – наслов, содржина, лого на компанијата и контакт информации
  • Се забранува објавување на неточни огласи и доколку се утврди дека е објавен таков оглас, истиот ќе биде веднаш укинат.
  • Се забранува објавување на повеќе од една работна позиција во еден оглас за вработување.
  • Се забранува објавување на огласи кои содржат дискриминирачки или сексистичкибарања и било какви текстови кои не ги почитуваат човечките права на Работобарателите.
  • Насловот на секој оглас за вработување е потребно да биде точно, јасно и конкретно напишан. Не се дозволуваат наслови кои се неточни или нејасни.
  • На располагање на Работодавачите е функција за уредување на огласите, која овозможува истите да бидат прегледно напишани, без ограничувања во обемот на текст.
  • За секој оглас потребно е да се внесе населено место, бизнис категорија, тип на работно време и позиција за коесе однесува објавената работна позиција.
  • TopJob.mk овозможува единствено објавување на огласи за вработување. Не се дозволуваат огласи кои рекламираат производи или услуги.

Контакт

  • Доколку имате прашања во врска со функционалностите и Условите на користење на TopJob.mk, можете де на контактирате на e-mail: info@TopJob.mk